ПОЛУВРЕМЕ: Македонија има „минус четири“ против моќната Франција

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонија има негатива од 14-18 по првите 30 минути игра на дуелот со Франција, последен за нашата национална селекција на СП 2025. Избраниците на Лазаров играат храбро и квалитетно, но противникот е моќен, како што одминува времето така француската одбрана делува се поцврста за нас и ни создава проблеми да го најдеме патот до мрежата на одличниот Дебоне.

Македонија почна со една измена во вообичаениот состав, па Џонов стартуваше од првата минута наместо Петар Атанасијевиќ, а Французите исто така стартуваа со своите најдобри предводени од Мем, Ремили и Пранди во бековската линија. Македонија ги реализираше првите два напада (Митев и пенал на Кузмановски) за водства од 1-0 и 2-1, а Митев го продолжи своето шоу за нови два гола и наше водство од 4-3.

Франција првото водство го имаше во 7. минута кога Ремили погоди за 4-5, но Македонија се врати, експресно израмни, а потоа при 5-5 не искористивме пенал за ново водство. Првите страсти на теренот зовреа во 9. минута, кога Наи доби директен црвен картон за еден прекршок над Кузмановски. Топа како да ги мотивираше француските ракометари, кои заиграа поцврсто во одбраната, лесно реализираа на спротивната страна и поведоа со 5-8 во 12. минута.

Околу 500 Македонци беа присутни во салата и им дадоа поддршка на нашите ракометари, а „црвено-жолтите“ одговорија со два брзи гола и намалување на 7-8. Полетната Македонија продолжи да се бори, па со нив два гола израмнивме на 9-9 на половина од првото полувреме. Франција повторно се одлепи, а при 12-9 не реализиравме уште еден пенал (одличниот Дебоне го запре и Кузмановски). Шоуто на Дебоне продолжи со третиот одбранет седмерец во серија (втор на Серафимов), но нашиот десен бек една минута подоцна беше поуспешен со удар од девет метри, намалувајќи на 11-15.

При овој резултат Лазаров побара тајмаут. но Франција продолжи да го диктира темпото, нашиот напад се мачеше да го совлада Дебоне и на одмор заминавме со негатива од 14-18, по двата пенала што во финишот ги реализираше капитенот Кузмановски,

Се вчитува...