ПОЛУВРЕМЕ: Македонија со еден гол предност по „слаломот“ на Елмас (ВИДЕО)

Македонскиот национален тим има предност од 1-0 на полувреме против Лихтенштајн. Се игра мирно на двете страни, а Македонија го има поседот на топката, но само еден постигнат гол благодарение на ремек-делото на Елмас.

Во 19. минута од средбата, членот на Наполи со вистински „слалом“ низ одбраната на гостите, и погоди во мрежата на Бухел. 

Елмас во финишот од првиот дел имаше уште еден удар, кој го одбрани Бухел, а претходно одбраната на Лихтенштајн ги блокираше ударите на Трајковски и на Алиоски.

Последната прилика за 2-0 ја имаше Трајковски, но Бухел лесно му го одбрани ударот.

Се вчитува...