Македонија на полувремето од клучниот натпревар против Естонија за пласман на Европското првенство има негатива од 49-38. Естонците ги користат сите пропусти на нашата репрезентација во одбраната, а притоа високите играчи на Естонија создаваат вистински проблеми во играта под рекетот и контролата на скокот, па многу од тоа треба да се поправи во вторите дваесет минути.
Проблем за избраниците на Тодоров се и преголемиот број на изгубени топки, вкупно 12, за разлика од 5 на естонската репрезентација. Во нападот мора да се најде подобро решение во протокот на топката, бидејќи „сино-белите“ добро го бранат нашиот напад „два на два“, а во продолжението нема да помогнат ниту трите лични грешки на Ненад Димитријевиќ и Бојан Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА