ЕКИПА во Бидгошч,
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Младата фудбалска репрезентација на Македонија губи со 0-1 од Србија, по првото полувреме на стадионот во Бидгошч, на вториот меч од групната фаза на Европското првенство во Полска. Мијат Гачиновиќ беше стрелец на 24.минута, користејќи го невниманието во одбраната на нашиот национален тим.
Веќе во втората минута, Немања Максимовиќ беше во шанса, но од петерецот шутираше над голот. Енис Барди се обиде да возврати во осмата минута, шутираше од 20 метри, но српските дефанзивци го блокираа во последен момент. Во 11.минута, Марко Грујиќ се најде во шанса, но со глава шутираше над голот.
На средината од првиот дел, Србија стигна до водство. Плавшиќ ја повлече акцијата, Грујиќ се обиде да изнуди пенал, судијата не наседна, но застанаа и нашите дефанзивци, топката дојде до Мијат Гачиновиќ, кој од десетина метри го совлада Игор Алексовски. Србија поведе во 24.минута/
Марко Грујиќ во 37.минута можеше да зголеми на 2-0, излезе сам пред голманот Алексовски, но тој се истакна со фантастична интервенција.
Македонија конечно се закани во 43.минута. Енис Барди одлично изведе слободен удар од 25 метро, шутираше директно кон голот на Србија, но Милинковиќ-Савиќ одбрани и исфрли во корнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА