Фудбалските репрезентации на домаќинот Германија и Шпанија играат без голови 0-0 на полувреме на мечот во Штутгарт како дел од првото четвртфинале на Европското првенство 2024 година.
Првото полувреме не ни донесе многу фудбалски возбудувања, но многу цврста и машка игра. По 45 минути двата тима направија вкупно 15 фаули, а веќе пожолтеа и тројца фудбалери на двете страни.
Уште на самиот старт селекторот на шпанската репрезентација Де ла Фуенте се соочи со големи проблеми. По само осум минути игра теренот мораше да го напушти Педри поради повреда. По еден дуел со Крос, младата ѕвезда на Барселона едноставно не беше повеќе во можност да го продолжи натпреварот.
Kroos really owned Pedri there pic.twitter.com/6rjHf81fWr
— Dr Yash (@YashRMFC) July 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА