ПОЛУВРЕМЕ: Нема голови во Кавадарци, Арсими со „бомба“ ја разнесе Струга ТЛ (ВИДЕО)

Нема голови на натпреварот во Кавадарци помеѓу Тиквеш и Вардар. Поактивни беа домашните, кои имаа подобри шанси, додека Вардар имаше една сериозна прилика за постигнување на гол.

Во 20. минута од средбата Закариќ се обиде, но голманот Стевковски одбрани одлично, а потоа во 34. минута Ивановски имаше празен гол, но во последен момент стигна да изблокира Данев и да спречи домашна радост.

Во Гостивар, пак, има еден гол, и тоа прекрасен. Арсими беше далеку подобар противник од Струга ТЛ, и води со 1-0. Сикири со „бомба“ во 45. минута од средбата, со удар од 25 метри го совлада Анџелети и донесе предност. Претходно чуварот на мрежата Анџелети спасуваше во налетите на Арсими, спаси две сериозни шанси. Струга ТЛ имаше една шанса, меѓутоа топката заврши само крај голот.

Се вчитува...