Иако сите погледи во ПФМЛ во 31. коло се насочени кон Струга и кон Чаир, сепак, најинтересниот меч го играат Работнички и Брегалница. Брегалница имаше предност од о-2 со головите на Додев и на Андонов, а Работнички направи пресврт за само девет минути со три гола.
Најпрво погоди Рушевиќ, па потоа Мисердовски израмни, за на крај Гандо донесе предност за „романтичарите“.
Иако има апсолутна доминација, Струга ТЛ успеа во финишот да го скрши отпорот на Силекс со гол на Ибраими. Шкендија на „Чаир“ имаше предност со убавиот гол на Чинари, а Адетунџи успеа да израмни.
Во Струмица, води Тиквеш со 0-1 со гол во финишот од првиот дел, додека Македонија ЃП ја „гази“ Победа и води со убедливи 4-0 на полувремето.
Сите голови можете да ги видите на Youtube каналот на ЕКИПА.МК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА