Кошаркарската репрезентација на Македонија го одигра своето најдобро полувреме во овој претквалификациски циклус, водејќи против Унгарија по 20 минути игра со 43-32. Неоптоварени влегувајќи во натпреварот, нашите кошаркари одиграа одлично и во нападот и во одбраната, доминирајќи против ривалот од кого беа незаслужено поразени пред десетина дена во Сопрон.
Џејкоб Вајли во голем стил го почна мечот, реализирајќи ги првите три напади на Македонија и носејќи предност од 6-45 по нецели две минути игра. Во нападот бевме сосема добри, но повторно ни се случи противникот да има расположени играчи за шут, па Унгарците во 6. минута ја реализираа третата тројка на мечот, поведувајќи со 12-13. Веќе во следниот напад гостите реализираа за 12-15, по што селекторот Илиевски го побара својот прв тајмаут на натпреварот.Македонија заигра подобро во одбраната предводена од Вајли, па со тројката на Андреј Митревски се вративме во водство (17-15), пред Ташовски со украдена топка и забивање да ги крене на нозе присутните во СРЦ Кале, за наше водство од 19-15. Македонија продолжи да доминира до крајот на четвртината, добивајќи ги првите десет минути со убедливи 23-15.

Магдевски умешно положи по еден соло-продор за наше прво двоцифрено водство (25-15). Шанса доби и младиот Василевски, кој веќе во првата акција блесна со фантастично положување на втор обрач за 30-18 за Македонија. Сепак, противникот имаше одговор, реализираше три напади во низа и откако намали на 30-24 македонскиот селектор беше принуден да побара тајмаут. Веднаш по таа минута одмор Какруки реализираше во рекетот, прекинувајќи ја мини-серијата на гостите. Ја вративме самодовербата во нападот, но повторно профункционира и одбраната, па по тројката на Митревски и новата реализација на Вајли следеше нова двоцифрена предност за нашата селекција (37-26).
Имавме и 39-26, но потоа Војвода погоди тројка, додека Какруки направи прекршок во рекетот и доби две слободни фрлања (реализираше едно), намалувајќи на 39-30. Немавме среќа при два обида при 41-32, но Митревски зеде важен шут и погоди во последната минута од полувремето за 43-32, за преку Хот со звукот на сирената на одмор да заминеме со одлични 13 поени предност.
Останува да се надеваме дека во ист ритам ќе се продолжи и во вториот дел, за да го прославиме и првиот триумф на овој подмладен состав на македонскиот национален тим предводен од Марјан Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

