На двете денешни средби од 4. коло во ПМФЛ е нерешено. Со таа разлиак што во Ѓорче Петров има голови, додека во Кавадарци мрежите мируваат.
Во Ѓорче Петров уште во 2. минута поведе Пелистер со голот на Булатовиќ. Одлична акција меѓу него и Ристиќ, по што крилниот играч излезе сам и со лоб удар успеа да го совлада Јанков.
Во 22. минута Талаков со глава ја погоди пречката, а тоа како да беше предвесник за она што ќе се случува две минути подоцна. Спировски стартува врз Гереро во шеснаесетникот, и беше досуден пенал за домашните кој го претвори во погодок Христов.
Во Кавадарци, Тиквеш не успеа да го отвори резсултатот. Имаше повеќе од играта, еднаш ја погоди и стативата, но и можеше да биде казнет после шансата на Ндзенгуе од Брера, но Стевковски одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

