ПОЛУВРЕМЕ ПМФЛ: Реми меѓу Струга ТЛ и Тиквеш, Шкендија сигурна против Шкупи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Струга Трим и Лум и Тиквеш играат реми 1-1 на полувреме во еден од двата денешни натпревари од 27. коло од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините поведоа со 1-0 со автоголот на Тасев кој несреќно ја внесе топката во својот гол по ударот на Марјан Радески. До крајот на првиот дел гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Рамади во 26. минута.

Во вториот дуел од денешната програма Шкендија има сигурно водство од 3-0 против Шкупи. Меличи со двата гола во 13. и во 20. минута донесе брзо водство од 2-0 за својот тим, а до крајот на првиот дел беше и 3-0 со погодокот на Бесарт Ибраими во 45. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...