ПОЛУВРЕМЕ ПМФЛ: Силекс лесно со Шкупи, реми меѓу Брера и Арсими (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс ја оправдуваат фаворитската улога на полувреме против Шкупи каде на домашен терен имаат предност од 3-0 во првиот од двата денешни натпревари како дел од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините до брзо водство од 1-0 стигнаа уште во 5. минута од натпреварот со погодокот на Ади Алиќ. Во 10. минута веќе беше и 2-0 откако прецизно стрелаше португалскиот интернационалец Мигел Пиреш. До крајот на првиот дел кратовчани поведоа и со 3-0 откако Мартин Мирчевски прецизно стрелаше од белата точка.

Во вториот натпревар од денешната понуда АП Брера и Арсими по 45. минута играат 1-1. Гостите стигнаа до предност од 0-1 уште во 3. минута со погодокот на Маркел Гони Домаќините успеаја да израмнат на 1-1 преку Филип Михаилов во 10. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...