ПОЛУВРЕМЕ: Првенството почна со многу голови, Шкендија и Работнички со предност (ВИДЕО)

Новата сезона во ПМФЛ почна, а првото полуфреме е ефикасно. Само на средбата Струга ТЛ – Тиквеш нема гол, додека на другите средби се видени погодоци.

Шкендија преку Фитон Адеми водеше 0-2 против БЕСА. Напаѓачот на тетовскиот тим во 11. и во 22. минута донесе предност, а БЕСА намали преку пенал на Ремзифаик Селмани.

Во Гостивар има два гола, но нема никој предност. Алпер Потук од тешка позиција успеа да ги совлада домаќините, и да донесе предност за гостиварци, а предноста на гостите ја „поништи“ Александар Ристевски.

Пред самиот крај на првиот дел, поведе и Работнички. Јамајканецот Дајли постигна прекрасен гол за предност на „романтичарите“ против Силекс.

Шкупи и Воска Спорт играат 1-1. Можеби изненадувачки, со оглед на ситуацијата на Воска, која покажува „заби“ уште по првото коло. Чаирскиот тим поведе со гол на Џемаил Ибиши, а потоа убав погодок постигна Јахја и донесе израмнување.

Се вчитува...