Словачка е во пол-позиција по првите 45 минути игра од последното коло во групата Е, Словаците моментно имаат предност од 1-0 на дуелот со Романија и се наоѓаат на првото место во групата.
Словачка прикажа повеќе на теренот на почетокот и стигна до предност благодарение на голот на Дуда, кој со прецизен удар со глава ја затресе мрежата на Романците. Романија стигна до израмнување во 36. минута откако Разван Марин стрелаше прецизно од пенал за 1-1, исход што им одговара и на двете селекции за пласман во осминафиналето.
Во вториот меч од оваа група Белгија и Украина имаа 0-0 по првите 45 минути. Ромелу Лукаку ја имаше најубавата шанса за Белгија на асистенција на Де Бруине, но белгискиот џин дефинитивно нема среќа на овој шампионат, па покрај трите поништени гола со ВАР има и шест обиди во рамките на противничкиот гол, од кои ниту еден не завршил во мрежата.
Доколку овие резултати останат до крајот на мечевите, Романијa како првопласирана ќе влезе во осминафиналето, Белгија ќе биде втора во групата, Словачка како третопласирана исто така ќе се најде во нокаут фазата, а од ЕВРО 2024 ќе испадне селекцијата на Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА