ПОЛУВРЕМЕ: Силекс со „капитална“ предност над Работнички, „нула“ на дербито во Маџари (ВИДЕО)

Силекс се наоѓа пред победа во дуелот против Работнички после само едно полувреме, откако има предност од 2-0 со головите на Каланоски од пенал и на Ристовски. Головите паднаа после само 20 минути игра, после големите грешки во одбраната на „романтичарите“.

На полувремето предност има и АП Брера во дуелот со Воска Спорт со прекрасниот гол на Ване Крстевски. Предност на полувремето има и Тиквеш на гостувањето во Гостивар преку Курез.

На останатите натпревари, односно на дуелите кои се играат во Скопје меѓу Македонија ЃП и Брегалница и на мечот Вардар – Шкупи нема погодоци.

Се вчитува...