ПОЛУВРЕМЕ: Со минус еден по првите 30 минути во Литванија

Ракометната репрезентација на Македонија губи со 13-12 по првото полувреме на дуелот со Литванија во второто коло од квалификациите за ЕП 2026. Македонските ракометари цело полувреме бркаат негатива, неколку пати имаа „минус три“, но со добра завршница успеаја да ја намалат предноста на противникот на само еден гол.

Мечот беше израмнет само со 2-2, по што Македонија се соочи со проблеми во нападот, додека Литанците продолжија со ефикасна игра и почнаа да се одлепуваат на резултатски план. Акциите на пивот не го даваа посакуваниот резултат по досудените пробивања, нападот беше надвор од ритам, а одбраната пребавна за да ги запре литванските акции, па Лазаров беше принуден да побара тајмаут при 9-5 во 18. минута.

Советите вродија со плод, Македонија за нецели две минути направи мини-серија од три гола предводена од Филип Кузмановски и целосно се врати во мечот (9-8). Кизиќ имаше уште една одбрана, но при 9-8 Серафимов направи пробивање па наместо израмнување следеше гол на спротивната страна и „плус два“ за Литванија. Повторно ја загубивме сигурноста во нападот, Литванија се врати на „плус три“ (13-10), а судиите со своите одлуки (поништен гол на Митев, па недосуден пенал врз Пешевски) создаваа дополнителна нервоза во нашите редови. Македонија успеа да се врати, намали на 13-12, имаше и нов напад за израмнување, но Атанасијевиќ не успеа да реализира од контранапад и на одмор заминуваме со еден гол негатива (13-12).

Кизиќ има пет одбрани на нашиот гол, Галевски еден одбранет пенал, додека во нападот најефикасни се Пешевски со три и Кузмановски, Велковски и Серафимов со по два гола.

Се вчитува...