Шкупи и Вардар 2-3 на полувреме во првиот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига. Вардар во финишот успеа да стигне до предност, иако прими два гола од чаирскиот тим во првите 45. минути.
Долга топка од Ристов, недоразбирање меѓу Сенгор и Талески, па Матиќ не успеа да спаси и си постигна автогол уште во деветата секунда.
Вардар дојде до израмнување во 16. минута. Данев со глава успеа да го совлада Гроте и да дојде до „егал“. На пресвртот се чекаше до 36. минута кога Азер Омерагиќ една лошо исфрлена топка ја претвори во гол со волеј удар.
Сепак, следуваше уште еден „шок“ за Вардар само три минути подоцна. Дестани успеа да се снајде покрај заспаната одбрана на „црвено-црните“, а ниту тројца не можеа да му ја одземат топката на играчот на Шкупи кој лесно го совлада Талески.
Во последната минута од мечот, Маневски од лево центрираше до Закариќ, кој со глава го совлада Гроте и поведе со 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

