Полувреме: Супер-фудбал во Париз… Рафиња донесе радост во Барселона (видео)

Првите полувремиња на четвртфиналните пресметки од Лигата на Шампионите донесоа одличен фудбал, ПСЖ и Астон Вила имаат 1-1 по првите 45 минти игра во Париз, додека Барса е со предност од 1-0 на паузата против Борудија Дортмунд.

Астон Вила најави големо изненадување на гостувањето против ПСЖ откако англискиот тим прв стигна до водство на „Паркот на принцовите“. Екипата на Унаи Емери со класичен бункер се брани во сопствената половина, но гостите искористија еден од ретките излети во противничкиот шеснаесетник за да ја затресат мрежата на Донарума.

Стануваше збор за одлична тимска акција,Рашфорд го проигра Тилеманс, Белгиецот одлично уфрли кон петерецот, каде Роџерс немаше тешка задача да ја смести топката во мрежата. Радоста сепак кратко траеше ако се знае дека ПСЖ набрзина стигна до израмнување, со маестралниот погодок што го постигна младиот Дуе од дваесетина метри.

Барселона стигна прва до водство на дуелот со Борусија Дортмунд, Рафиња беше стрелец откако Бразилецот на самата г0л-линија ја смести топката во мрежата, која секако ќе завршеше таму по ударот со глава на Кубарси.

ВАР долго разгледуваше дали Рафиња бил во офсајд, з ана крајот голот да биде признаен, на огромна радост на каталонските навивачи.

Се вчитува...