ПОЛУВРЕМE: Тиквеш го толчи Башкими, мируваат мрежите на Арсими и Шкендија

Продолжението од 14. коло од Првата македонска фудбалска лига денеска ни носи натпревари во Кавадарци и Чегране каде силите си ги мерат Арсими и Шкендија, односно Тиквеш и Башкими.

За разика од натпреварот помеѓу Арсими и Шкендија каде мрежите мируваат, во Кавадарци Тиквеш е блиску до нов триумф во првенството со предност од 3-0 на полувремто.

Голеадата во Кавадарци започна уште во 17. минута со голот на Ивановски, а продолжи во 32. минута кога мрежата ја затресе Стојанов. Во 36. минута Јонус го постигна првиот гол во дресот на тиквешкиот тим за комотно водство од 3-0 со кое Тиквеш е на добар пат да стигне до четвртиот триумф во сезоната.

Се вчитува...