ПОЛУВРЕМЕ: Топката за Македонија, водството за Финска (ВИДЕО)

Македонија има негатива по првиот дел на натпреварот против Финска на Националната Арена во Скопје. Финците дадоа гол, имаа и неколку шанси, имаше и Македонија прилики, а поседот на топката беше на страната на нашата репрезентација. Но, посериозни шанси имаа Финците. Покрај голот, кој беше старата болка на Македонија – противнападите, Финска ја погоди и стативата. Македонија имаше два обида кои ги одбрани Јоронен, па така Финска има заслужено водство.

Првата шанса ја имаше Несторовски кој од десетина метри шутираше, но Јоронен одбрани. Во 23. минута Сухонен ја погоди стативата. Неверојатно е што промаши Лод кој што беше сам после нафрлена топка од левата страна, но го префрли голот.

Во 37. минута шок за Македонија. Одлична акција, на средината на теренот Похјанпало во празно упати топка кон Антман кој што излезе сам пред голот, и „фино“ пласираше во голот на Македонија.

Финишот на првиот дел и припадна на Македонија, која не реализираше од три добри шанси. Најпрво Јоронен доби уште еден дуел со Несторовски, а потоа и Елмас откако се „прошета“ во шеснасетникот на гостите, но не успеа да упати удар и бараше пенал.

Последната прилика за Несторовски кој од само 5-6 метри шутираше, но одново Јоронен излезе како победник за предност по првиот дел.

Се вчитува...