ПОЛУВРЕМЕ: Треба да се случи чудо за ПСЖ и Барселона да не одат во полуфинале (ВИДЕО)

ПСЖ и Барселона и натаму се блиску до пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите, по одиграни први 45. минути во Бирмингем, односно во Дортмунд.

ПСЖ на пауза заминува со предност над Астон Вила со 1-2. Бековите на францускиот тим Хакими и Мендеш донесоа предност од 0-2 во 28. минута. Сепак, потоа, Тилеманс успеа да намали, но и натаму мисијата за Астон Вила е невозможна, и се потребни три гола за барем продолженија.

Во Дортмунд, пак, Борусија доминира и води над Барселона со 1-0. Гираси од пенал во 9. минута донесе предност, но домашниот тим имаше уште неколку шанси да дојде барем до 2-0, и така можеби да се доближи на два гола од противникот, но не беа искористени неколку шанси. Сепак, „милионерите“ се далеку и натаму од полуфинале, и на нив како и на Астон Вила и требаат уште три гола во вториот дел, а притоа да не примат ниту еден.

Се вчитува...