Уругвај има предност од 2-0 по првото полувреме од дуелот со Гана, во драматичните 45 минути во кои Гана не реализираше пенал при 0-0.
Џордан Ају е трагичарот на африканската селекција со промашениот пенал по десетина минути игра, кога голманот Рочет го запре неговиот удар од белата точка. На спротивната страна, Де Араскаета е херојот на Уругвај со два постигнати погодоци во првото полувреме, за предност од 2-0 која сепак не значи сигурен пласман на Уругвајците во осминафиналето.
Имено, на вториот меч од групата Португалија и Јужна Кореја по 45 минути играат нерешено, 1-1. Орта ги донесе Португалците во водство, на 1-1 израмни Ким Јунг Гвон, а Корејците со уште еден погодок би стигнале до четири бода, исто колку и Уругвај.
Двете селекции во таква варијанта би имале и слични гол-разлика, Кореја 4-4, а Уругвај 2-2, па во таа ситуација Јужна Кореја би одела во осминафинале поради поголемиот број на постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА