ПОЛУВРЕМЕ: Вардар поведе и погоди статива, Струга ТЛ се закани само еднаш (ВИДЕО)

Полувреме е на Националната Арена „Тодор Проески“ на финалето во Купот на Македонија. Вардар има причини за задоволство, затоа што води со 1-0, додека Струга ТЛ мора да одигра поконкретно, затоа што тоа недостасуваше по првите 45. минути.

Стрелец на единствениот гол беше Михаил Талевски. По еден противнапад, Јанкулов нафрли од десната страна до Талевски кој стрелаше во долниот лев агол од голот на Ќосевски.

Стружани можеа да бидат и во негатива од 2-0, откако Донгмо во 39. минута ја погоди стативата. Со шут од 20 метри, топката едвај се довлечка до голот, но на изненадување удри само во дирекот.

Струга ТЛ се закани само на стартот, кога во 18. минута од мечот, по еден изведен корнер настана конфузија во одбраната на Вардар и голманот Талески, кој за среќа на крајот ја прибра топката во своите раце, и не дозволи стружани да поведат.

Се вчитува...