ПОЛУВРЕМЕ ВО КУМАНОВО: Јашар спасуваше, но не успеа до крај да ја запре Шкендија (ВИДЕО)

Шкендија има предност од 1-2 по првото полувреме на гостувањето против Башкими во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ од Тетово поведоа на дуелот во Куманово уште во 4. минута по нафрлањето од левата страна и автоголот на Алими.

Но, домашните успеаја да израмнат по само три минути игра со голот на Алексовски.

Одличен во неколку наврати на голот на Башкими беше чуварот на мрежата Јашар кој го спасуваше својот тим, се до 34. минута но не успеа кога Тамба вторпат стрелаше за водство и од 1-2.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...