Полувреме за Елмас, Наполи со пресврт го победи Лече (ВИДЕО)

Наполи дојде до нова победа во Серија А, триумфирајќи по пресврт со 2-1 на дуелот против Лече во 29. коло од шампионатот.

Лече поведе со 0-1 со голот на Сиберт уште во 3. минута.

Но, во второто полувреме, Хојлунд во 47. минута донесе 1-1, а Политано во 67. минута и победа од 2-1 на Наполи.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер на мечот, одигрувајќи го само првото полувреме.

Се вчитува...