Никола Митревски бранеше извонредно за Порто во вечерашниот триумф над Целје од 32-30, со кој португалскиот првак остана во игра за место во плејофот од Лигата на Шампионите.
Македонскиот репрезентативец беше фантастичен во првото полувреме во кое собра дури десет успешни интервенции, помагајќи неговиот тим да поведе со 14-11. Во неизвесниот финиш Целје за момент и поведе, но Порто имаше доволно адути во нападот за да го издржи завршниот притисок и да стигне до победата.
Митревски го заврши мечот со вкупно 14 одбрани и беше меѓу најзаслужните за победата, заедно со најдобриот стрелец на Порто, Антонио Ареја, кој постигна девет погодоци.
𝐍𝐢𝐤𝐨𝐥𝐚 𝐌𝐢𝐭𝐫𝐞𝐯𝐬𝐤𝐢 more Portuguese 🇵🇹 than a francesinha #ehfcl #clm #DareToRise pic.twitter.com/moxfAVJwzq
— EHF Champions League (@ehfcl) February 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА