Полувреме за заборав на Шкендија: Лудогорец до 2-0 и е пред пласман во ЛЕ (ВИДЕО)

Полувреме во Разград, во кое Шкендија одигра слаб натпревар. Лудогорец низ целосна доминција има 2-0, и така сега е блиску до пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

Покрај двата гола, бугарскиот првак имаше добри шанси да ја зголеми предноста. Најпрво во 9. минута Куртулус од одбиена го донесе домашниот тим во предност.

На 2-0 зголеми Чочев во 24. минута. По нафрлена топка од Дуарте, Чочев со волеј и со помош на стативата го донесе Лудогорец до двојна предност.

Каио Видал претходно ја погоди стативата, имаше шанса и Нареси на самиот почеток. На другата страна само еден слободен удар на Ибраими кој заврши само над голот, и тоа беше се од тетовскиот тим.

Се вчитува...