Легендарниот шпански голман Икер Касилјас ќе остане во Порто и следната сезона. Тој се согласил на продолжување на договорот со новиот португалски шампион за помала плата од досегашната. Новиот договор ќе биде на една година.
Касилјас пред три години дојде во Порто од Реал Мадрид. Оваа сезона почесто беше на клупата, но запиша 19 настапи во првенството, три во Лигата на шампионите и четири во португалскиот Куп.
Касилјас има вкупно 116 настапи во дресот на Порто. Реши да остане на „Драгао“ и покрај тоа што во последниот период се шпекулираше со негово заминување, па дури и со премин во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА