Претседателот на судиската комисија на УЕФА, Роберто Росети е задоволен од арбитражата во групната фаза на Европското првенство. ВАР кој за првпат е имплементиран на европските шампионати бил повикан 12 пати во првите 36 натпревари што покажува дека за разлика од клупската сезона на ова првенство многу помалку е користена помошта од технологијата што беше и сугестија пред самиот старт.
Вкупно во групната фаза беа досудени 806 фаули што е за дури 105 помалку од минатиот шампионат во Франција во 2016 година. Кога се во прашање жолтите картони овој пат беа покажани само 98 што е за неверојатни 31 помалку од минатото првенство.
Единствено само пенали се имаат досудени повеќе на ова ЕВРО 14, што е двојно повеќе од минатиот шампионат, а како главна причина за ова Росети напоменува дека е примената на ВАР технологијата која се уште не беше имплементирана на минатото првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА