Факундо Кампацо сепак ќе се појави во тимот на Реал Мадрид за утрешниот дуел со Партизан во рамките на второто евролигашко коло, без оглед на изречената суспензија од еден натпревар неиграње.
Одличниот плејмејкер беше санкциониран со суспензија и со 5.000 евра парична казна поради нападот на еден од судиите пред самиот крај на дуелот со Баерн Минхен, но раководството на Реал Мадрид денеска поднесе жалба против ваквата одлука на Евролигата.
Она што е интересно, комисијата за апелација не одговори ниту позитивно ниту негативно на жалбата, туку реши да ја одложи казната се до конечната одлука. Ова практично значи дека Кампацо дефинивитно ќе може да настапи утревечер против Партизан, а доколку жалбата на „кралевите“ биде одбиена, тој ќе го пропушти мечот од третото коло во Евролигата во кое Реал ќе гостува на Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА