Нејмар цело лето се обидуваше да издејствува трансфер во Барселона, но веќе и на бразилскиот ас му стана јасно дека каталонскиот гигант не може да си дозволи да го врати на „Камп ноу“. Во една таква ситуација, Нејмар сега е подготвен да ги смири страстите во таборот на ПСЖ и да остане уште една сезона во францускиот првак.
Весникот „Л’Екип“ објави дека и раководството на ПСЖ и самиот фудбалер се подготвени да седнат на маса и да ги расчистат недоразбирањата, се со цел Бразилецот што поскоро да му се стави на располагање на тренерот Тухел. Нејмар е свесен дека водење инает со катарските газди на клубот нема да му донесе ништо добро, па затоа и самиот би сакал што поскоро да ги остави зад себе разочарувањата од текот на летото и со настапи на теренот да ја покаже својата лојалност кон клубот од француската метропола.
Во ПСЖ сакаат да го продадат големиот ас, но во ситуација кога не добија ни приближно добра понуда на „светците“ им е јасно дека најдобра опција е Нејмар да остане уште една сезона, па следното лето да си замине од „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА