Поморбидно не постои: Донесоа погребна кола на терен и го прекинаа натпреварот

Дуелот меѓу англиските нисколигаши Данстон и Гејтсхед требаше да биде пријателски, но навивачите останаа во шок откако на теренот влета погребна кола што беше оставена на центарот на игралиштето.

На изненадување на присутните два автомобили се упатија кон центарот, потоа возачот на погребната кола маскиран излезе од неа, влезе во второто возило и побегна од местото.

Натпреварот беше прекинат, а полицијата почна истрага за оваа шокантна случка.

„Голема среќа е што невини луѓе не страдаа во ваков инцидент. Очигледно беше дека влегле низ вратата од паркингот, а потоа минале низ местото каде играчите вообичаено се загреваат на полувремето“, изјави еден очевидец на весникот „Индепендент“.

Се вчитува...