Помошниот тренер на Далас Маверикс, Дарел Армстронг е уапсен во Тексас за „тежок напад со смртоносно оружје“, потврди и полицијата. Тој е лишен од слобода како осомничен за удар на 56-годишна жена со пиштол и закани за убиство.
За целиот немил настап е свесен и Далас кој се огласи со соопштение дека дополнително ќе биде истражен случајот и дека тој е суспендиран.
Армстронг е добро познат во НБА лигата каде настапуваше од 1994 до 2008 година настапувајќи на 840 натпревари за Орландо, Њу Орлеанс, Индијана, Њу Џерси и Далас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

