Јирген Клоп в недела ќе стави крај на ерата во Ливерпул, германскиот стратег веќе најави дека по завршувањето на оваа сезона ќе земе најмалку една година одмор од фудбалот, а заедно со Клоп од „Енфилд“ си заминуваат и сите членови на неговиот стручен штаб.
Холанѓанецот Пеп Лијндерс, кој важеше за „десна рака“ на Клоп во последните години, без проблем си најде нов ангажман, и тоа како прв тренер на екипа што со години се натпреварува во ЛШ. Станува збор за австрискиот првак Салцбрг, кој денеска и официјално го промовираше 41-годишниот Лијндерс за свој шеф на стручниот штаб од наредната сезона.
„Горд сум што станувам прв тренер на Салцбург. Ова е привилегија за мене, даработам во клуб поставен на здрави темели, со фокус на откривање и развој на млади и талентирани фудбалери. Ова е екипа каде страста и гладот за победа се на највисоко ниво и верувам дека можам да помогнам да играме убав, напаѓачки фудбал и да ги оствариме зацртаните цели“, изјави Лијндерс по потписот на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА