Тренерскиот штаб на Фулам ќе претрпи значителна промена на крајот на сезоната, бидејќи првиот помошник на Марко Силва, Луис Боа Морте, ќе стане селектор на Гвинеја-Бисао. Поранешниот португалски фудбалер кој во кариерата играше за неколку премиерлигашки клубови, најмногу за Фулам, стана тренер во штабот на тимот од „Крејвен Котиџ“ во 2021 година кога му се придружи токму на Марко Силва.
Двајцата претходно работеа заедно во Евертон. Тие дојдоа во клубот кога беше во Чемпионшип.
Сепак, преродбата на Фулам ќе мора да продолжи без Боа Морте, кој ќе стане селектор на Гвинеја-Бисао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА