Казахстанецот Александер Бублик, кој важи за еден од најтемпераментните тенисери, на Мастерсот во Шангај ја покажа темната страна на својот карактер.
По загубениот прв сет во тај-брејкот во мечот со Накашима на Мастерсот во Шангај, доживеа „помрачување на умот“.
Тој веднаш по загубениот сет, од лутина го искрши рекетот, а откако седна на столчето му се нафрли и на ладилникот удирајќи го со раката.
Од ударот заработи повреда на раката и бараше од лекарот да му ја санира раната.
На крајот, Бублик успеа да направи пресврт и да слави со 2:1 во сетови (6:7,6:3,7:6).
Grita y todo mientas la rompe ahsjhsjajaja
Si Bublik no existiera lo tendrían que inventar, que histórico macho. https://t.co/uSQIhy7hbR
— JODARISMO EN VENA (@no_me_jodar) October 11, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
