Антонио Ридигер доживеа тотално „помрачување на умот“ кога во последните моменти од синоќешното финале во Купот на кралот против Реал Мадрид се одлучи жестоко да „насрне“ на главниот судија.
Откако беше досуден прекин на акцијата на Реал и доделена топка на играчите на Барселона поради прекршок, германскиот репрезентативец почна да беснее како никогаш досега. Ридигер отиде предалеку во своето однесување, го нападна судијата (наводно прво со шише вода, а потоа фрлајќи коцки мраз), па дури и неколку членови на тренерскиот штаб и соиграчи мораа да го држат за да не го нападне физички судијата.
Сето ова не им избега на камерите и контролорите на ФС Шпанија, па стоперот на Реал Мадрид сигурно ќе добие зголемена казна. Се очекува да добие суспензија од најмалку четири, а можеби и 12 натпревари, што е максималната казна за таков испад.
Поради сериозноста на прекршокот, „АС“ пренесува дека суспензијата ќе се однесува и на лигашките натпревари. Ова значи дека Антонио Ридигер нема да може да игра на 11 мај против Барселона на гостински терен, во Ел Класико кое би можело да го одлучи новиот шампион. Разликата на табелата е четири бода во корист на Барселона.
This is sick and disgusting. A team full of entitled babies. And Rudiger is an animal. Should get a lengthy ban from football, imo.pic.twitter.com/3WfEdCYcMO https://t.co/QMcJ2ERyLd
—
kimmoFC (@kimmoFC) April 26, 2025
Покрај Ридигер, синоќа црвени картони добија и капитенот Лукас Васкез и Џуд Белингам, исто така поради непочитување на судијата, но нивните реакции беа многу поблаги, па суспензијата нема да важи за Примера, туку ќе се отслужи следната сезона во Кралскиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА