Брегалница и Вардар одиграа потпросечен натпревар во Штип во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига, кој на крајот заврши официјално без голови. Генерално мачење за навивачите на двата клуба беше натпреварот 90 минути, кој заврши 0-0.
Меѓутоа, без разлика на се, и тоа како сериозни возбудувања се случија во третата минута од судиското продолжение.
По едно нафрлување од прекин во 93. минута пред голот на Вардар, одбиена топка од голманот на гостите Гачевски кој се одбива во мешаницата пред голот, па на крај доаѓа до Велкоски кој стрела во празната мрежа. По кратко размислување главниот судија, и покрај тоа што помошникот не се решава да сигнализира офсајд, го поништи погодокот.
Но, се чини дека одбиената топка од Гачевски удира во телото на вардаровиот дефанзивец Мишковски пред да дојде до Велкоски, кој во секој случај е во недозволена ситуација но само ако топката се одбива од фудбалерот на Брегалница, Канформ… Сето ова, во секој случај, за дополнителни анализи…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

