Aнтони ќе може да го предводи Бетис следниот викенд на дуелот против Реал Мадрид откако Дисциплинската комисија реши да го избрише црвениот картон што бразилскиот офанзивец го заработи на дуелот со Хетафе.
Крилниот напаѓач доби директен црвен картон по стартот врз Антонио Иглесијас, интересно е што ВАР ја потврди улогата на главниот судија, но дисциплинците по прегледувањето на снимката утврдија дека одлуката била погрешна и го избришаа црвениот картон.
„По прегледување на снимката евидентно е дека Антони цело време гледа на топката што ја контролира противничкиот фудбалер, во обид со левата нога да го пресече движењето на топката. Нашиот заклучок е дека во стартот на Антони нема намера да се оствари контакт со фудбалерот на Хетафе, туку само обид да се стигне до топката, иако тој на крајот не успеа во својата намера“, се вели во образложението на одлуката на Дисциплинската комисија.
Антoни во јануари пристигна на позајмица во Бетис, оставајќи го експресно зад себе кошмарниот период од дресот на Манчестер Јунајтед и постигнувајќи три гола и една асистенција на првите три средби за новиот клуб
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

