Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ќе може да игра за тимот веќе на следниот меч против Астон Вила, откако ФА се реши да му го поништи црвениот картон, добиен на мечот со Тотенхем на „Олд Трафорд“.
Фернандеш доби исклучување пред самиот крај на првиот дел, кога после еден старт врз противнички играч беше испратен во соблекувалната. Зачудувачки е фактот што судиите не гледаа ВАР за евентуално да му го поништат картонот.
Неговиот тим Манчестер Јунајтед се жалеше до дисциплинската комисија и бараше поништување, со што беше прифатена нивната жалба, и капитенот ќе може да да игра веќе следниот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА