„Поништете ја сезоната без првак, спортот се игра за публика“

Огромен е бројот на фудбалери на Манчестер Јунајтед кои не сакаат да се случи Ливерпул да го крене шампионскиот трофеј за оваа сезона. Еден од нив е и левиот бек Лук Шо, кој гласно побара сезоната да биде поништена без да биде одреден шампион.

„Поништете ја и да почнеме од почеток. Нема шампион бидејќи не е завршена, ако не можеме да продолжиме, тогаш целата сезона треба да се поништи. Навивачите се толку важни за нас, спортот се игра за публика и би било навистина чудно доколку се донесе одлука да мораме да играме пред празни трибини“, истакна Шо.

За разлика од дефанзивецот на Јунајтед, во својата вчерашна изјава Александар Чеферин истакна дека не гледа како Ливерпул би останал без титулата, бидејќи дури и во случај да не се доигра сезоната би морал да биде одреден првак и пласман на табела според кој би биле утврдени и учесниците во европските купови за следната сезона.

Се вчитува...