Понижување: Ајакс му даде 13 гола на Венло

Ајакс одигра неверојатен натпревар во рамките од шестото коло во холандското првенство, на гостински терен понижувајќи го составот на Венло со преубедливи 0-13.

Најубедливата победа со години наназад во холандското првенство беше најавена со голот на Екеленкамп во 12. минута. Ајакс постигна четири погодоци во првото полувреме, а откако Венло остана со играч помалку по исклучувањето на Кум во 50. минута, гостите од Амстердам до врв ја наполнија мрежата на домашниот состав.

Траоре со пет погодоци беше најефикасен на натпреварот, по два гола постигнаа Екеленкамп и Хунтелар, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Тадиќ, Мартинез, Блинд и Ентони.

Се вчитува...