Герет Бејл е на излезна врата од Тотенхем по последниот конфликт со Жозе Мурињо откако му било кажано дека нема да биде во составот за синоќешниот куп-дуел со Евертон. Велшанецот пристигна на позајмица од Реал Мадрид и требаше да биде големо засилување за „спарси“, но неколку месеци по трансферот веќе е јасно дека тој не е сериозен дел од плановите на Мурињо.
Последната потврда дојде на мечот со Евертон, на кој Бејл не се најде ниту на клупата за резерви поради незалагање за време на тренингот.
„Можам да кажам дека беше повреден и да излажам, но јас не сум таков човек. Тој не беше на посакуваното ниво на последниот тренинг, кога му ја соопштив одлуката не беше среќен, но тука завршува целата приказна“, истакна Мурињо по поразот и елиминацијата на „спарси“ од ФА Купот.
Тотенхем плаќа 250.000 фунти неделно од платата на Бејл во Реал што изнесува огромни 600.000 фунти неделно, па јасно е дека по ваквиот развој на настаните Велшанецот на крајот од сезонава ќе се врати назад во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

