Душан Влаховиќ речиси сигурно на лето ќе го напушти Јувентус, а клубот наводно е подготвен да го пушти за само 25 милиони евра. Тоа е тројно помалку од она што го дадоа кога го донесоа од Фиорентина. Тогаш цената му беше околу 75 милиони евра.
Наводно Мота не го гледа Влаховиќ како дел од неговиот проект, а шпекулациите се зголемија по информацијата дека Мота сака да го задржи и Коло Муани, кој игра како позајмен во „Старата Дама“.
Ова е целосно „понижување“ за Влаховиќ, за кого пред само еден месец Јувентус не сакаше да го пушти за цифра под 60 милиони евра.
Работите во позитивна насока може да се сменат само доколку Тиаго Мота добие отказ од Јувентус, а тоа е се поизвесно по елиминацијата од Лигата на шампионите од ПСВ Ајндховен. Сега наводно Мота добил ултиматум да го пласира тимот во Лигата на шампионите, а ако тоа не се случи, тогаш ќе добие отказ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

