Антонио Конте денеска ќе пристигне од Италија во Лондон, за да го искаже своето незадоволство од преголемата пасивност на англискиот првак на пазарот, откако Челси не успеа да го доведе Ромелу Лукаку од Евертон. Италијанецот е бесен што мора да бара „план Б“ за нов голгетер во ситуација кога Диего Коста е пред заминување, па „сините“ се подготвуваат експресно да доведат нов врвен голгетер за да ги намалат тензиите пред стартот на подготовките.
Како што јавуваат шпанските медиуми, веќе е закажана и првата средба со челниците на Реал Мадрид на која тема ќе биде – Алваро Мората. Екс-голгетерот на Јувентус инсистира на трансфер, а откако токму поради Лукаку му пропадна преселбата во Јунајтед, сега Челси важи за голем фаворит во трката за неговите услуги. „Сините“ ќе понудат огромни 80 милиони евра за што поскоро да ги комплетираат преговорите и Мората да замине на подготовки со oстатокот од тимот.
Самиот фудбалер ќе добие плата од седум милиони евра, плус бонуси, што е зголемување во однос на шесте милиони што ги заработува во Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА