Франк Рибери се уште нема донесено одлука за следниот чекор во кариерата, откако Баерн Минхен веќе објави дека нема намера да му понуди нов договор на 35-годишниот ветеран.
Катар многу лесно би можел да биде следна дестинација на францускиот интернационалец, откако Ал Сад испрати и конкретна понуда за да го доведе Рибери во своите редови. Висината на понудата засега не се открива во јавноста, но извори блиски до асот на Баерн тврдат дека тој во моментов најсериозно ја разгледува токму опцијата за потпис за Ал Сад.
Претходно интерес за услугите на Рибери покажа и раководството на Вестерн Сиднеј, а како можна опција се споменува и американската МЛС-лига, каде неколку екипи исто така сакаат да го видат Французинот во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА