Понуда од која боли глава – Една милијарда евра за тригодишен договор со Лео Меси

Лионел Меси е слободен за трансфер по објавата за заминување од Барселона, што е доволен повод клубови ширум светот да си ја пробаат среќата и да се обидат да го доведат Аргентинецот во своите редови.

Најзагреани сепак се чини се катарските газди на клубот Ал Сад, кои се подготвени да издвојат неверојатна сума – една милијарда евра за да го доведат Меси во своите редови. Понудата на Ал Сад се однесува на период од три години, што значи дека Аргентинецот би добил неверојатни 333,3 милиони евра по сезона, собирајќи една милијарда пред да ја заврши кариерата.

Меси барем засега делуваше сконцентрирано на понудите од Европа, пред се на преговорите што од синоќа ги стартуваше францускиот гигант ПСЖ, но останува да е види дали оваа луда понуда на Ал Сад би можела да ги промени неговите планови за иднината.

Се вчитува...