Понуда од Саудиска Арабија да се купи Интер

Интер продолжува да растура на фудбалските терени ширум Италија, но раководството на овој клуб се уште се соочува со огромни финансиски проблеми. Поради ова, повторно се актуелни гласините дека „нероаѕурите“ најдоцна до крајот на летово ќе добијат нови сопственици, бидејќи семејството Жанг ќе биде принудено да го продаде својот пакет на акции поради големите долгови што ги има во останатите бизниси.

Весникот „Република“ во денешното издание објави дека од Саудиска Арабија стигнала понуда за купување на новиот шампион на Италија. Станува збор за богато семејство од оваа земја, а не за Јавниот Инвестициски Фонд кој го поседува Њукасл, но и ја предводи револуцијата на фудбалот во оваа земја купувајќи фудбалери за Ал Хилал, Ал Итихад, Ал Ахли и Ал Наср…

Претставниците на ова семејство веќе стапиле во конакт со Жанг, испраќајќи и прва официјална понуда за да ja преземат контролата врз „нероаѕурите“. Одговор од Кинезите се уште нема, но се очекува преговорите да се интензивираат во наредниот период.

Семејството Жанг мора да врати 375 милиони евра од земениот кредит од американскиот инвестициски фонд “Oaktree”, а со оглед на големите долгови што ги има продажбата на Интер делува како единствен излез од кризата. Останува да се види дали овие најави ќе се реализираат, па Интер во следните месеци ќе добие нови сопственици.

Се вчитува...