Најџел Хејс Дејвис и дефинитивно се враќа во Европа, и тоа во редовите на Панатинаикос откако грчкиот гигант испрати понуда што едноставно не можеше да биде одбиена.
„Зелено-белите“ најпрвин се откажаа во трката со Хапоел и Фенербахче, за во изминатите 48 часа да испратат нова понуда што се покажа неодолива за поранешниот МВП на Евролигата.
Веќе нема никакви дилеми, Американецот треба да пристигне на лекарски прегледи, по што ќе следи и потписот на договорот со ПАО. Како што информираат грчките медиуми, договорот ќе биде со важност на две и пол години, период во кој Хејс Дејвис ќе заработи огромни 15 милиони долари, плус евентуални бонуси во зависност од резултатите и освоените трофеи.
Дебито на новата суперѕвезда во дресот на ПАО се очекува на завршниот турнир од Купот на Грција што ќе се одржи следната седмица на Крит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

