Челниците на Торино решија да не ја активираат клаузулата од позајмицата на Елиф Елмас и да му платат 18 милиони евра на германскиот клуб за македонскиот „дијамант“. Сепак, тоа не значи дека „торинезите“ не се задоволни од Елмас, напротив, во овој клуб сметаат дека Елиф за кратко време оставил силен траг и веќе почнаа нова рунда разговори за да го вратат македонскиот репрезентативец назад во своите редови.
Последните информации од Италија говорат дека Торино испратил и официјална понуда, се со цел што поскоро да го осигура потписот на Елмас. Самиот фудбалер јасно ставил до знаење дека не сака да оди на нови позајмици, па овој калчолигаш му понудил на Лајпциг 12 милиони евра за да го врати Елиф назад во Торино.
Германскиот клуб пред 18 месеци плати огромни 25 милиони евра за да го доведе Елмас од Наполи, но тренерот Росе не му даде шанса каква што заслужува, а македонскиот ас очигледно не е дел од плановите ниту на новиот стручен штаб на клубот. Поради ова, во Лајпциг се свесни дека ќе загубат значителен дел од инвестицијата, но ќе биде интересно да се види дали ќе ја прифатат оваа понуда на Торино, за двојно помала сума од онаа што ја платија не така одамна на Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

