Понуда „земи или остави“ за Левандовски, Полјакот подготвува и тужба

Откако беше одбиена првата понуда на Барселона за услугите на Роберт Левандовски, челниците на каталонскиот тим подготвуваат нова, и воедно веројатно последна понуда за ангажман на полскиот репрезентативец. Полјакот е решен да го напушти тимот на Баерн Минхен и да се пресели во Шпанија, но засега преговорите одат тешко затоа што германскиот тим не се согласува да го пушти.

Понудата од 40 милиони евра до Баерн ќе биде последната понуда од Барселона, односно понуда „земи или остави“. Доколку и оваа биде одбиена, тогаш Барса ќе „крене раце“ од голгетерот и ќе се сврти кон други засилувања.

Од друга страна од Германија пристигнува веста дека Левандовски е решен да си оди од Минхен по секоја цена. Некои информации одат дотаму што велат дека Полјакот дури е подготвен да поднесе тужба за својот клуб, само да си замине и да ја смени средината.

Спортскиот директор на „Баварците“ Хасан Салихамиџиќ веќе одржа една рунда преговори со Левандовски и неговиот менаџер Пини Захави, но работите не мрднаа од „мртва точка“.

Се вчитува...